Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, објави дека добила закани по својот живот и безбедноста на семејството од лицето Ќамил Османовиќ и неговите соработници. Таа најави дека ќе поднесе кривична пријава против нив и дека пријавата ќе ја достави до надлежните институции, вклучувајќи го Министерството за внатрешни работи. Арсовска порача дека никој не се плаши од заканите, но ги повика институциите итно да реагираат, нагласувајќи дека непостапувањето создава чувство на недопирливост пред законот.
Во меѓувреме, градоначалничката обвини дека фирмата „Прогрес Компани“ од Долно Коњари, управувана од браќата Ќазим и Ќамил Османовиќ, нелегално експлоатира корито на реката Вардар во општина Аеродром, без никакви дозволи, лиценци и елаборати, што претставува сериозна закана за природата и здравјето на граѓаните.
За случајот се известени и министрите за внатрешни работи и за животна средина.