🎥 Автомобил се забил во толпа луѓе на победничката парада на Ливерпул, 53-годишен маж уапсен

од Марта Пешевска
8 прегледи

Во центарот на Ливерпул, за време на победничката парада по освојувањето на Премиер лигата, автомобил се забил во група луѓе што славеа. Полицијата од Мерсисајд соопшти дека е уапсен 53-годишен бел Британец од Ливерпул, осомничен за инцидентот.

Очевидци раскажуваат дека теренско возило нагло свртело и се забило во насобраните, кои веднаш се обиделе да го сопрат возачот. Итните служби брзо пристигнале на местото на настанот и повредени биле пренесени со амбулантни возила.

Хари Рашид, кој бил на парадата заедно со сопругата и двете ќерки, сведочеше за драматичниот момент: „Автомобилот сврте нагло надесно и удри во луѓето на нашата страна. Се случи многу брзо. Првично слушнавме само пукање, како од луѓе кои се обидуваа да ги извадат оние што беа удрени од хаубата на автомобилот“.

Британскиот премиер Кир Стармер изрази сочувство кон повредените и сите погодени од инцидентот: „Сцените во Ливерпул се ужасни. Моите мисли се со сите што страдаа“.

 

Слични содржини