Американската потпретседателка Камала Харис направи „голем влез“ за време на нејзината прва официјална посета на нејзиниот изборен штаб во понеделникот вечерта. Таа публивозбуди со песната „Freedom“ на Бијонсе.
Извор близок до Камала Харис изјави за Си-Ен-Ен дека нејзиниот тим добил одобрение од претставниците на пејачката да ја користи песната за време на нејзината претседателска кампања.
Бијонсе, која е позната по тоа што следи строги упатства кога станува збор за нејзината музика, брзо го одобри барањето од кампањата на Камала Харис кога тие побараа дозвола да ја користат песната „Freedom“- само неколку часа пред таа да излезе на сцената, додаде изворот.
Иако Бијонсе официјално не ја поддржа Харис откако претседателот Џо Бајден објави дека нема да бара втор мандат, давањето дозвола да ја користи „Freedom“-како песна за кампањата покажува дека Харис ја има поддршката на суперѕвездата.
MOTHER!
Kamala Harris uses ‘FREEDOM’ by Beyoncé & Kendrick Lamar as her very first walk up song on her presidential campaign. pic.twitter.com/O8hEIHXnDb
— COWBOY CARTER Updates 𐚁 ⭑ (@B7Album) July 22, 2024
Ниту кампањата на Харис, ниту претставник на Бијонсе не одговориле на барањата на CNN за коментар.
Мајката на Бијонсе, Тина Ноулс, ја поддржа Харис во неделата, веднаш по објавата на Бајден.