🎥 Десетици ракети истрелани од јужен Либан кон северен Израел

од Симе Стоиков

Десетици ракети беа лансирани од југот на Либан кон Галилеја на северот на соседен Израел, објавија израелските медиуми.

„Силен ракетен оган беше насочен кон Галилеја. Се огласија неколку сирени поради загриженост дека проектилите ќе навлезат на територијата на Израел“, објави израелскиот дневен весник „Маарив“.

Истиот извор јавува дека сирените биле активирани во заедниците Дафна, Снир, Хагошрим, Дан и други населени места.

Според „Маарив“, повеќе од 40 ракети биле лансирани од Либан кон Галилеја.

Од друга страна, либанската група Хезболах во соопштение наведе дека го погодила северниот дел на Израел со десетици ракети „Катуша“ кои биле насочени кон артилериски позиции.

Нема извештаи за повредени или материјална штета. Тензиите се зголемуваат низ Западниот Брег откако Израел започна смртоносни напади врз Појасот Газа во кои загинаа повеќе од 33.600 Палестинци од 7 октомври.

Слични содржини