🎥 Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ветуваше дека Македонија ќе биде повторно ваша, но добивме Македонија која е повторно нивна

од Илинка Илиоска
52 прегледи

„ВМРО-ДПМНЕ ветуваше Македонија која ќе биде повторно ваша, но добивме Македонија која е повторно само нивна. Македонија која е партизирана, без одогворност, небезбедна, криминализирана и безсперспективна“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на прес-конференција по повод 100 дена влада.

Тој додаде дека имаме 100 дена изговори наместо решенија, изолација наместо интегрирање и општество во кое доминира неизвесноста.

„Паралелата меѓу ветувањата и реалноста е сурова. Македонија водена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде се само не горда“ рече Филипче.

Тој додаде дека за 100 дена СДСМ објави неброени докази и скандали за корумпираноста на кадрите во Владата.

„Подароците вредни 320.000 евра за генралниот секретар, картели за јавни набавки на министерката за енергетика, луксузирања на државна сметка со бизнис карти за министрите кои се кријат од јавноста. Денес и јавно го прашувам Мицкоски, што се случи со наводниот поткуп кој му го понудиле нему и на Николоски? Има ли некаква истрага премиере и во која институција? Ниту има истрага, ниту има докази, ниту ќе има“ рече Филипче.

Тој, меѓу неуспесите на оваа Влада го наведе и падот на просечната плата којашто за прв пат по седум години падна за цели 1000 денари.

„Нема покачување на минимална плата на 450 евра која денес ќе беше реалност со СДСМ. Велат ако и одело добро на економијата тогаш можеби ќе се качеле платите. Наставниците и просветните работници добија покачување од 0,7% наместа 12% кои ги планирапе СДСМ. Се случува целосна деградација на работниците и нивните права. За жал, се враќа политиката на евтина работна сила“, рече претседателот на СДСм додавајќи дека Владата не обезбеди ниту заштита на граѓаните од високите цени и алчноста на трговците.

Слични содржини