🎥 Георгиев: Две години мои луѓе ја обезбедуваа „Пулс“, изолацијата е направена од најевтини материјали

од Vladimir Zorba
1,3K прегледи

Благојчо Георгиев од здружението „Хендикеп“ во видео на социјалните мрежи вели дека две години негови луѓе ја обезбедувале дискотеката во Кочани, каде што утринава загинаа, според најновиот биланс 59 луѓе, а 155 се повредени, откако избувнал пожар на кровната конструкција.

Тој вели дека изолацијата била направена од најевтини материјали и дека не му е јасно кој ја дал дозволата за работа.

Го обвини газдата дека е „љубител на пари“ дека „не постои таков друг што сака толку пари“.

„Јас колку што знам, дискотеката внатре е целата излепена со најевтина изолација, со сунгер!? Јас бев присутен додека се правеше! “, истакна тој.

Слични содржини