Владиката Петар се извини за своите изјави во кои ги нарекуваше поддржувачите на епископот Партениј со остри зборови како „наркомани“, „пијаници“ и „арамии“. Во кратката порака до „Скопје1“, тој изрази жалење доколку некој се почувствувал навреден од неговите зборови, без да појасни дали смета дека овие епитети биле навредливи.
„На секој кој смета дека сум го навредил, од најмлад до најстар, му се извинувам. Исто така, барам и давам прошка на сите што ме навредиле, но тоа не значи дека сме оправдани пред Бога“, изјави Владиката Петар.
Претходно, тој ги критикуваше оние верници кои го поддржаа Партениј, обвинувајќи ги дека „крадат човечки души“ и ги нарекуваше „пијаници“, „наркомани“ и „арамии“, обвинувања што предизвикаа поделени реакции – од една страна критики, а од друга поддршка од дел од верниците.
View this post on Instagram