🎥 Ѓоковиќ доби ексклузивен пехар на Ролан Гарос – посебен трофеј за посебен шампион!

од Љубиша Владимиров
25 прегледи

Новак Ѓоковиќ го започна Ролан Гарос со сигурна победа над Макензи Мекдоналд (6:3, 6:3, 6:3). Но, најголемата сензација не беше само победата, туку посебниот трофеј што му го доделија организаторите.

Претседателот на Француската тениска федерација, Жил Мортон, и директорката на турнирот, Амели Морезмо, му врачија уникатен пехар како признание за 100-те титули во кариерата, вклучувајќи 24 гренд слем триумфи.

Во официјалната порака стоеше: „Посебен трофеј за посебен човек“ – симбол на големината и достигнувањата на Ѓоковиќ во светот на тенисот.

 

Слични содржини