🎥 Ѓоковиќ додаде олимписко злато на својата легендарна кариера

од Vladimir Zorba
100 прегледи

Новак Ѓоковиќ на својата легендарна кариера го додаде и последното нешто што му недостигаше на листата на достигнувања – златниот олимписки медал. 24-кратниот Гренд слем шампион го освои финалето на Олимпијадата во Париз, откако славеше над Карлос Алкараз со 7:6 (3), 7:6 (2) во гладијаторската битка што траеше скоро три часа на Централниот терен Филип Шатрие во француската престолнина.

На овој начин Ѓоковиќ веќе постигна апсолутно се во професионалниот тенис. 37-годишниот ветеран има трофеи од сите четири Гренд слем турнири, седум пати го освои АТП финалето, а единственото признание што му недостигаше на визит-картата е олимписка титула. Ноле ја искористи шансата и го додаде последниот дел од сложувалката.

Легендата на српскиот спорт беше во улога на аутсајдер против Алкараз, кој пред само три недели не му остави никакви шанси во финалето на „Вимблдон“ и го победи со 6:2, 6:2, 7:6(4). Денеска, пак, Ѓоковиќ покажа исклучително ниво на смиреност, спасувајќи дури осум брејк топки во првиот сет, а на противникот не му даде ниту една брејк можност во вториот сет.

Во решавачките моменти Ѓоковиќ покажа повеќе карактер и издржливост, додека на другата страна Алкараз направи многу неизнуденни грешки, а против голем шампион како Ѓоковиќ тоа не останува неказнето.

Слични содржини