🎥 Играчите на ПСЖ фатени како ја гледаат сопругата на Макрон – видеото стана вирално

од Марта Пешевска
34 прегледи

На свечениот прием организиран во чест на фудбалерите на ПСЖ, кои го освоија своето прво европско првенство, се случи момент кој го привлече вниманието на јавноста повеќе од самиот говор на претседателот.

Имено, додека францускиот претседател Емануел Макрон им се обраќаше на шампионите, неговата сопруга Брижит Макрон неочекувано стана главен фокус за дел од играчите. Камерите снимија како неколку од фудбалерите – меѓу кои Ашраф Хакими, Лукас Ернандез и Фабијан Руиз – ја следат со изненадени погледи и насмевки, а снимките веднаш станаа вирални на социјалните мрежи.

Овој момент доби дополнително внимание поради неодамнешното видео кое кружи на интернет, каде Брижит Макрон наводно го „удира“ својот сопруг на аеродром, што предизвика лавина од коментари. „Дали Макрон навистина доби шлаканица од сопругата?“ – се прашуваат корисниците на социјалните мрежи.

Сепак, претседателот остана фокусиран и во својот говор им оддаде голема чест на играчите:

„Вие сте шампиони. Поради вас, Париз сега е на врвот на Европа. На теренот бевте 11, но имавте поддршка од 12-тиот играч – цела Франција беше зад вас, и покрај традиционалните фудбалски ривалства“, истакна Макрон.

Да потсетиме, ПСЖ во саботата го победи Интер со убедливи 5-0 во финалето на Лигата на шампионите во Минхен, со што ја освои својата прва европска титула – историски успех за францускиот клуб.

 

Слични содржини