🎥 Јокиќ превртува со очите на прашањето на новинарите за трката за МВП со Шеј – „Тоа е последно на кое што мислиме во моментов“

од Марта Пешевска
1,6K прегледи

Предводени од брилијантниот Никола Јокиќ, Денвер Нагетс се пласираа во полуфиналето на Западната конференција на НБА, по убедливата победа над Лос Анџелес Клиперс со 120:101 во решавачкиот седми натпревар од првото коло на плејофот. Со победата, Нагетс ја завршија серијата со резултат 4:3 и се квалификуваа за следната рунда, каде ќе се соочат со најдобриот тим на сезоната, Оклахома Тандер.

Во финалето на Западната конференција, Денвер ќе се бори против тимот на Тандер, предводен од Шеј Гилгес-Александар, кој е главен конкурент на Јокиќ во трката за наградата за најкорисен играч (MVP). По победата над Клиперс, новинар го праша Јокиќ дали овој натпревар може да ја реши дебатата за MVP наградата. Јокиќ го покренал погледот кон таванот и со смиреност одговорил:

„Мислам дека тоа е последното нешто на кое двајцата мислиме во моментов“. Новинарот продолжил со прашање за мислењето на Јокиќ за Шеј, на што најдобриот играч на Денвер одговорил:

„Тој игра со толку многу брзини, сè му изгледа толку лесно. Дури и кога играте добра одбрана, тоа е сепак неверојатна брзина. Тој може да направи сè. Речиси е невозможно да се чува“. Медиумите пренесоа дека ваквиот коментар на Јокиќ го дал со почит кон својот конкурент, истовремено оставајќи простор за во иднина да се реши кој од нив ќе го носи престижниот трофеј за MVP.

Слични содржини