Никола Јокиќ уште еднаш покажа зошто е најдобриот кошаркар на светот! Со фантастични 42 поени и 22 скока, српскиот ас го предводеше Денвер Нагетс до неверојатна победа над Оклахома Сити Тандер со 121:119, во првиот натпревар од полуфиналната серија на Западната конференција. Јокиќ доминираше на теренот со леснотија што ретко се гледа, а неговата игра беше клучна за пресвртот кој го донесе водството од 1:0 во серијата за Денвер.
По натпреварот, Оклахома „вриеше“. Навивачите на Тандер не ја криеја фрустрацијата, особено откако на социјалните мрежи се појавија видеа од Јокиќ во локален бар во Оклахома, заедно со неговиот брат Немања. Видно расположен, со пијалок во рака и насмевка на лицето, Јокиќ уживаше во победата, што предизвика бурни реакции кај локалните фанови. Некои од навивачите го обвинија за „прерано славење“. Дел од нив уверуваат дека Тандер ќе ја решат серијата во своја корист за шест натпревари.
Сепак, еден загрижувачки детаљ го привлече вниманието. Јокиќ носеше ортопедска протеза околу десниот лакт, проблем со кој, според некои извори, се соочува веќе извесен период. За време на натпреварите, тој го покрива лактот со компресивен ракав, што дополнително го поттикнува прашањето за неговата физичка подготвеност во продолжението на серијата. Следниот натпревар од серијата се очекува со големо нетрпение, а Оклахома ќе има шанса за одмазда на домашен терен.
View this post on Instagram