🎥 Мекдоналдс за Трамп – Саудијците се потрудија американскиот претседател да се чувствува како дома, па го изненадија на феноменален начин

од Љубиша Владимиров
48 прегледи

Трамп, познат по својата љубов кон брзата храна, не беше заборавен дури ни за време на неговата посета на Блискиот Исток. Саудиска Арабија се погрижи да му обезбеди се што му треба, вклучувајќи и неговата омилена брза храна – „Мекдоналдс“.

Според извештаите од американските медиуми, Саудијците отишле и чекор понатаму, обезбедувајќи мобилен ресторан на „Мекдоналдс“, за да не му недостига ништо, дури и ако не успее да дојде до една од постоечките франшизи во земјата.

Трамп, кој за време на својата кампања ја истакна својата љубов кон брзата храна, не се срамеше да ја сподели со гостите во „Мекдоналдс“ во Пенсилванија. Очигледно, Саудиска Арабија ги разбрала неговите преференции и се погрижила да му обезбеди удобност и познати вкусови и во странство.

 

Слични содржини