Навивачите на Денвер Нагетс се огорчени поради третманот што го добива нивниот миленик Никола Јокиќ од страна на судиите во плејоф серијата против Оклахома Сити Тандер. Според нив, арбитрите намерно толерираат груба и валкана одбрана врз српскиот центар, а сето тоа, како што велат, е дел од поширок план – НБА по секоја цена да ја турка Оклахома напред.
Разочарувањето кулминираше откако стана извесно дека титулата за најкорисен играч (MVP) оваа сезона ќе му биде доделена на Шеј Гилџис-Александер. И покрај тоа што Јокиќ одигра фантастична сезона и беше лидер на Денвер, наградата ќе заврши во рацете на канадскиот плејмејкер, а тоа дополнително ги подгреа сомнежите кај фановите на Нагетс.
„Му ја украдоа наградата во 2023 година, а сега повторно се обидуваат да го понижат,“ пишуваат револтирани навивачи на социјалните мрежи. „Судиите добија јасни инструкции – не свирете ништо за Јокиќ!“
6'5" Alex Caruso is guarding 6'11" Nikola Jokic 😤
📺 OKC-Nuggets | ABC pic.twitter.com/78kr9592Me
— ESPN (@espn) May 11, 2025
На теренот, ситуацијата е уште полоша. Според фановите, играчите на Оклахома играат неспортски, го влечат, гребат, штипкаат и удираат Јокиќ, додека судиите не реагираат. Од друга страна, Шеј добива слободни фрлања дури и за најмали контакти.
Еден од најконтроверзните моменти се случи кога Алекс Карузо изведе низа груби потези врз Јокиќ, но не беше санкциониран ниту со еден прекршок. Видеото од таа акција брзо се прошири на социјалните мрежи, каде што навивачите со неверување коментираа:
„Ова не е одбрана, туку убиство. Судиите го игнорираа сето тоа!“
Многу фанови се уверени дека постојат таканаречени „Јокиќ правила“ – непишани правила според кои судиите имаат слобода да го игнорираат сè што му се прави на српскиот центар.
„Ако Карузо го чуваше било кој друг, ќе имаше најмалку 3-4 фаула. Но ова е Јокиќ – и за него важат други правила,“ се жали еден фан.
Lol. The entire NBA fanbase knows this is 3-4 fouls against Caruso if he was guarding any other super star. But @OfficialNBARefs have quietly put up the Jokic rules. And apparently there is nothing anyone can do about it. https://t.co/Kia2EJ8Rdg
— Young Atlas (@thatbigboi_D) May 12, 2025
И покрај се, Јокиќ не се жали, не симулира, туку се бори како вистински шампион. Но фрустрацијата кај навивачите е очигледна, бидејќи чувствуваат дека лигата прави сè што може за да го запре патот на Нагетс кон нова титула. Дали НБА навистина има агенда против Јокиќ и Денвер? Или сето ова се последици од нервозата на жестоките плејоф дуели? Одговорите веројатно никогаш нема да ги дознаеме со сигурност – но едно е јасно: навивачите на Нагетс повеќе не веруваат во правдата на судиската свирка.