🎥 Немири во Париз поради прославата на пласманот на ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите

од Марта Пешевска
67 прегледи

Прославата на навивачите на Пари Сен Жермен по пласманот на клубот во финалето на Лигата на шампионите заврши со сериозни инциденти на Шанзелизе. Автомобил, под засега неразјаснети околности, удри во толпа навивачи, при што најмалку едно лице е тешко повредено, а тројца се хоспитализирани.

Според очевидци, набргу по инцидентот, група маскирани мажи го запреле возилото на блиска улица во обид за одмазда. Тие го запалиле автомобилот, кој кратко потоа експлодирал. Засега не е познат идентитетот на возачот, а патниците од задното седиште биле видени како бегаат од местото на настанот.

Немирите брзо ескалирале во судири со полицијата. Според локалните власти, сите инциденти биле предизвикани од домашни навивачи на ПСЖ. Приближно 2.000 навивачи на Арсенал, кои исто така беа присутни во Париз, не предизвикале никакви нарушувања на јавниот ред.

Полицијата уапси најмалку 43 лица во текот на ноќта.

Пари Сен Жермен се пласираше во финалето на Лигата на шампионите со вкупен резултат 2-2, но благодарение на головите на гости, откако го совлада Арсенал со 2-1 на „Паркот на принцовите“, а потоа загуби со 1-0 во Лондон.

Во финалето, кое ќе се одигра на 31 мај во Минхен со почеток во 21:00 часот, ПСЖ ќе се соочи со Интер, кој во полуфиналето беше подобар од Барселона.