🎥 Нероаѕурите низ пеколот до рајот: Интер ја симна Барса во трилер за вечноста во Лига шампиони

од Марта Пешевска
74 прегледи

Интер е првиот финалист во Лигата на Шампионите, откако во вистински фудбалски трилер ја елиминираше Барселона со победа од 4-3 по продолженија. Натпреварот изобилуваше со пресврти и возбудувања, а решавачкиот момент се случи во 93. минута кога Ачерби погоди за израмнување и продолженија. Во дополнителните 30 минути, Фратези донесе победа на Интер со гол по одлична акција.

Каталонците имаа за што да жалат, иако губеа со 2-0 по првото полувреме, успеаја да направат пресврт и поведоа со 3-2, но падот на концентрацијата и одличниот голман Зомер во клучните моменти ги спречија да го задржат водството. Јамал имаше шанса за израмнување во самиот финиш, но Зомер со блескава одбрана ја осигура победата и пласманот на Интер во новото европско финале.

Слични содржини