Никола Јокиќ блесна во победата на Денвер над Милвоки (127:117), а светот бруи за неговата неверојатна асистенција.
Српскиот центар забележа трипл-дабл, како да не бил на пауза поради повреда. На својот прв натпревар по двонеделна пауза, Јокиќ постигна 39 поени, 10 скока и 10 асистенции, водeјќи го Денвер до триумф над Милвоки.
Со ова, Јокиќ стигна до својот рекорден 30-ти трипл-дабл оваа сезона, реализирајќи 16 од 25 обиди од игра, вклучувајќи три тројки од шест обиди. Но, моментот на чиста генијалност траеше само неколку секунди. На социјалните мрежи се појави снимка од досега невидена асистенција во НБА – Јокиќ најпрво се подготви за шут за три поени, потоа влезе во рекетот, сврте и без да погледне го проигра Арон Гордон за спектакуларно забивање.
Изгледа импресивно од секој агол!
Светот е воодушевен од потегот на Јокиќ!
„Нема шанси Никола Јокиќ да го фрли ова додавање“, „Ова додавање на Јокиќ е лудо“, „Јокиќ со асистенција на годината?!“, „Се шегуваш со мене?!“ – се дел од реакциите на социјалните мрежи.