Синоќа се случи сериозен инцидент во близина на естонскиот воздушен простор, кога руски воен авион Су-35 навлегол во естонското небо, наводно за да му помогне на руски танкер што бил запрен од страна на естонските безбедносни сили. Случајот го потврди и Антон Герашченко, поранешен советник на украинскиот министер за внатрешни работи, преку објава на социјалната мрежа X (поранешен Твитер).
Станува збор за танкерот „Јагуар“, кој пловел под знамето на Габон кон руско пристаниште, а според извештаите, припаѓа на таканаречената руска „флота во сенка“. Оваа флота оперира со нерегулирани, стари бродови кои превезуваат руска нафта и други стоки, со цел да се избегнат западните санкции.
Естонска реакција
Естонската армија соопшти дека рускиот авион Су-35 го нарушил воздушниот простор во близина на полуостровот Јуминда, при што инцидентот траел помалку од една минута. Според официјалното соопштение, авионот летал без одобрен летен план, со исклучен транспондер и без комуникација со естонската контрола на летови.
Естонија веднаш реагирала – Министерството за надворешни работи повикало претставник од руската амбасада и му предало протестна нота. Ова е прво нарушување на естонскиот воздушен простор од страна на Русија во текот на 2025 година.
Две спротивставени верзии
Според руските медиуми, танкерот бил нападнат во меѓународни води од страна на естонската морнарица, со поддршка на полските воздухопловни сили. Тие тврдат дека безбедносните сили се обиделе да го принудат бродот да влезе во естонски територијални води, па дури и се обиделе да спуштат војници од хеликоптер на палубата на бродот. Сепак, „Јагуар“ успеал да се оддалечи и да продолжи по својата рута.
Естонските медиуми, од друга страна, ги негираат тврдењата за агресивна акција. Според нив, во одбраната учествувале Ф-16 авиони на португалските воздухопловни сили, стационирани во базата Емари како дел од мисијата на НАТО за надгледување на балтичкиот воздушен простор – а не полски МиГ-29 како што тврдат руските извори.
Што е руската „флота во сенка“?
Руската „флота во сенка“ се состои од неколку стотици бродови што често пловат под знамиња на трети земји и без активни транспондери. Овие бродови транспортираат руска нафта и други стоки што се предмет на санкции, со цел да го заобиколат меѓународниот надзор. Заради својата несоодветна состојба и непостоење на осигурување, тие претставуваат закана и за морската безбедност и за животната средина.
❗️It is reported that the Estonian military made an attempt to arrest a JAGUAR tanker of Russia's shadow fleet that was on its way to a Russian port under the flag of Gabon.
A Russian Su-35 flew into the Estonian airspace to help the tanker out. Estonia accused Russia of… pic.twitter.com/ysslihSDIC
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) May 14, 2025