🎥 Останува во Европа: Ти Џеј Шортс потпиша за ПАО

од Vladimir Zorba
8 прегледи

Американскиот кошаркар Ти Џеј Шортс сепак нема да ја продолжи кариерата во НБА, бидејќи Панатинаикос денес го претстави како свој нов играч!

Така, грчкиот тим доби огромно засилување за претстојната сезона, во која ќе се обиде да се искачи на тронот на европската кошарка.

Ти Џеј Шортс минатата сезона го носеше дресот на парискиот тим, во кој беше прво име, и имаше просек од 19 поени и делеше фантастични 7,3 асистенции по натпревар.

Пред неколку недели имаше најави дека кошаркарскиот репрезентативец на Македонија ќе ја продолжи кариерата во Мемфис Гризлис, но очигледно ништо не излезе од тоа.

Со Кендрик Нан и Ти Џеј Шортс, ПАО дефинитивно ќе го има убедливо најсилниот гард тандем на Стариот континент, и со тоа веќе се издвојува како најсериозен кандидат за титулата во европскиот шампионат.

Слични содржини