🎥 По Перт, и Мелбурн одаде почит на починатите во Кочани со боите на македонското знаме

од Даниел Ѓорѓиевски
62 прегледи

Во центарот на Мелбурн, Австралија, зградата на Владата на државата Викторија е осветлена во боите на македонското знаме во знак на почит и солидарност со семејствата на 56-те загинати во трагедијата во Кочани.

Овој гест е потврда за силната поддршка од македонската заедница во Викторија, која брои повеќе од 40 илјади Македонци и претставува најголема во Австралија.

Локалните власти и претставници на македонската дијаспора изразија сочувство кон семејствата на настраданите и нагласија дека заедницата стои во солидарност со тагата на македонскиот народ.

Слични содржини