🎥 Пожар во фабриката за пелети во Кавадарци, интервенцијата траеше до раните утрински часови

од Илинка Илиоска
42 прегледи

Ноќеска избил голем пожар во фабриката за дрвена амбалажа и пелети „Ником“ во Кавадарци. Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, вели дека пожарот бил локализиран во 1 и 30 по полноќ.

Интервенирале противпожарни единици од Кавадарци, со екипи од „Комуналец“, Шумско стопанство „Бор“ и екипи од Велес и од Неготино.

Службите на ТППЕ Кавадарци во полн состав од 30 пожарникари на терен напорно интервенираат со цел пожарот што побргу да се стави под контрола и целосно да се изгасне, напиша градоначалникот Јанчев.

Откако пожарот бил локализиран, противпожарна екипа останала на терен да ја следи ситуацијата.

Засега нема информации и детали за причините за пожарот и последиците од него.

Слични содржини