17
Пратеник од српското собрание го гаѓаше министерот за локална самоуправа со Уставот, објавија српските медиуми.
Пратеникот Александар Јовановиќ Ќута од „Еколошко востание“ ја фрли Збирката на правилници кон клупите каде што седеа членовите на Владата на Србија во Народното собрание, целејќи кон министерот за локална самоуправа.
Обемната книга со која Ќута го маваше министерот Мартиновиќ, меѓу другото го содржи и Уставот на Србија, па членовите на владејачката коалиција овој чин го окарактеризираа како негово кршење.