Во последните денови, Украина изведе неколку напади кои веројатно силно го налутија рускиот претседател Владимир Путин. Меѓу нив се уништување на мостови во Русија, нов напад врз Кримскиот мост, но највпечатлива е операцијата „Пајажина“. Во оваа сложена акција, Украина шверцуваше евтини FPV дронови во камиони кои ги пренесуваа преку Русија, распоредувајќи ги во воени бази. Потоа, во одреден момент, ги активираа дроновите кои направија сериозни оштетувања на стратешки бомбардери и важни извидувачки радари.
If Russia planned its largest missile attack on Ukraine for the night before the Istanbul talks, Operation Spiderweb's destruction of bombers hours before takeoff prevented devastating mass casualties among civilians and incalculable destruction of infrastructure across Ukraine. pic.twitter.com/FhO31OSe3D
— Igor Sushko (@igorsushko) June 3, 2025
Воен аналитичарот на Скај њуз, Мајкл Кларк, рече дека овие напади сигурно го налутиле Путин и дека е необично што тој не се појавил во јавноста по тие случувања. Според неговиот извор, Путин не бил виден во последните 48 часа, што е невообичаено за него. Кларк објаснува дека причината е што Путин сака да избегне да изгледа како виновник, па обично вината ја префрла на регионалните власти или други подредени.
Иако во Русија се појавија гласови кои бараат нуклеарен одговор поради овие напади, Кларк смета дека тоа е многу малку веројатно. Русија, според него, ги користи нуклеарните закани како средство за заплашување, но нема никаков интерес да почне нуклеарна војна.
„За да уништат една украинска бригада со тактичко нуклеарно оружје, би морале да користат неколку бомби од големина на Хирошима, што би значело нуклеарна војна од огромни размери. Тоа би ги изолирало од светот и би го уништил нивниот углед и поддршка“, вели Кларк.
Место тоа, тој смета дека Русија ќе одговори со интензивни воздушни напади во следните неколку дена. Меѓутоа, не може да се исклучи ни ризикот од употреба на биолошко или хемиско оружје, особено со оглед на извештаите за користење на отровни гасови и нервни агенси.
Што се однесува до можниот одговор од Западот, Кларк вели дека досега се сметаше дека САД би можеле да одговорат со силен конвенционален напад на базите од каде што е лансирано тактичкото нуклеарно оружје. Меѓутоа, тој не верува дека американскиот претседател Доналд Трамп би го направил тоа, наведувајќи дека тој е или исплашен или отпорен кон користење на голема воена сила против Русија.