🎥 Реџеп Исмаил бара јавна дебата за Законот за градежно земјиште наместо скратена процедура

од Љубиша Владимиров
59 прегледи

На последната собраниска седница, пратеникот од Левица, м-р Реџеп Исмаил, побара да се тргне од дневен ред Предлог-законот за градежно земјиште и да се организира јавна дебата за оваа тема.

„Нашите информации говорат дека и сега јавните површини на одредени институции, особено дворовите на училиштата, се узурпирани. Наместо нашите ученици да ги користат овие простории, тие се отуѓени на приватни лица кои заработуваат милиони од своите бизниси“, истакна Исмаил.

Тој нагласи дека е потребно да се организира поширока дебата со сите релевантни чинители кои разбираат во оваа сфера.

„Подолу имаме предлог-измени кои се однесуваат само на технички промени, како што е додавањето на ‘Северна’ во законите и промена на името на министерствата. Но, оваа важна материја, со која владејачкото мнозинство сака да си го олесни процесот на оттуѓување на државно земјиште, е ставена по скратена постапка“, додаде пратеникот.

Исмаил потсети на трагедијата во Кочани и укажа на опасноста од олеснувањето на бирократските процедури за државното земјиште.

„Со овој предлог се олеснува отуѓувањето или давањето на користење на приватни лица, што е недозволиво!“, заклучи тој, повикувајќи на поширока јавна расправа пред донесувањето на законот.

Слични содржини