🎥 „Русите доаѓаат по своето“ – Медински со жестока порака до Западот

од Љубиша Владимиров
132 прегледи

Шефот на руската делегација за преговори со Украина и помошник на рускиот претседател, Владимир Медински, во интервју за емисијата „60 минути“ на телевизијата „Русија 1“ изјави дека низ историјата војната и преговорите секогаш се воделе истовремено.

„Како по правило, секогаш, како што рекол Наполеон, војната и преговорите се водат паралелно“, рече Медински.

Тој додаде дека оние кои бараат примирје пред почеток на преговори за мир во Украина, не ја познаваат историјата.

„Многумина сега велат – прво да има примирје, па потоа разговори. Велат – 30 дена, 60 дена, не е важно. Но, тоа го зборуваат луѓе кои воопшто не ја познаваат историјата“, изјави Медински.

Како примери, тој ги посочи Виетнамската војна, Корејската војна, како и Советско-финската војна, во кои, според него, преговори се воделе во текот на целото времетраење на воените дејствија.

Медински потсети и на зборовите на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк: „Русите секогаш доаѓаат по она што го сакаат – тоа е многу важна лекција од историјата.“

„Бизмарк предупреди дека кој и да се обиде да ги измами Русите или да им земе нешто, ќе се соочи со последици. Можеби не веднаш, но порано или подоцна – Русите секогаш си доаѓаат по своето“, заклучи Медински.

 

Слични содржини