🎥 Серија силни земјотреси го стресоа балканот, во Хрватска има и штети

од Илинка Илиоска

Хрватската сеизмолошка служба денеска забележа два силни земјотреси на околу 15 километри јужно од Слуњ. Утрово во 5 часот и 38 минути е регистриран земјотрес со јачина од 4,3 степени, чиј интензитет во епицентарот е проценет на V-VI степени од ЕМС скалата, а е почувствуван низ цела Хрватска, најмногу во Лика и централна Хрватска.

Сеизмолошката служба на Република Хрватска вечерва во 19 часот и 3 минути во истото подрачје повторно забележа земјотрес со јачина од 3,8 степени, чиј интензитет во епицентарот е проценет на V степени според ЕМС скалата, а беше почувствуван и во Босна и Херцеговина и во Италија.

Помали штети се забележани на седум куќи, старата општинска зграда, парохиската црква Света Јелена Крижарица и градинката, изјави претседателот на општината Миховил Биќаниќ и додаде дека евентуалните штети од вечерашниот земјотрес ќе се утврдуваат подоцна.

Вчера два земјотреси со интензитет од 2,1 степен според Рихеровата скала беа регистрирани и во Албанија. Епицентарот на првиот земјотрес бил на седум километри од Елбасан, додека вториот на 62 километри од Тирана.

На 30 април во 5,42 часот беше регистриран земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала со епицентар во селото Текија, во регионот на Кладово во Србија. Земјотресот се почуствувал и во Ниш, Зајечар, Неготин, Долни Милановац, Бор и во другите градови во источниот дел на Србија

 

Слични содржини