Љубителите на фудбалот останаа запрепастени од сцената на квалификацискиот натпревар за Светското првенство меѓу Боливија и Уругвај, каде еден од играчите мораше да користи кислородна маска за да дише.
Неверојатни моменти се случија во завршницата на натпреварот, кога ѕвездата на Атлетико Мадрид, Хозе Хименез, забележливо тешко дишеше пред да го напушти теренот и да посегне по кислород.
30-годишниот дефанзивец со маска се справуваше со екстремните услови на стадионот Вила Инџенио во Ел Алто, кој се наоѓа на неверојатни 4.100 метри надморска височина.
Боливиската фудбалска федерација минатиот октомври донесе одлука да ги пресели своите натпревари на овој стадион во обид да ја искористи висинската предност за да се квалификува за Светското првенство во 2026 година.
Традиционалниот домашен терен на Боливија, Ла Паз, веќе е познат како тежок за противниците поради неговата надморска височина од 3.640 метри. Сепак, серијата лоши резултати (три порази во пет натпревари) ја принудија федерацијата да бара уште поголема предност – со преселба на стадион кој е 600 метри повисоко.
На таа надморска височина, густината на воздухот паѓа на околу 0,82 грама на литар, од кои само 0,17 грама се кислород, што значително го отежнува дишењето. Недостатокот на кислород особено ги погодува фудбалерите кои постојано се во движење, а натпреварите во такви услови претставуваат вистински тест за издржливост и физичка подготвеност.
Натпреварот заврши без голови (0:0). Боливија заостанува еден бод зад Венецуела, која е на бараж-позицијата, додека Уругвај е на третото место со 21 бод.
🇧🇴😳 Tough conditions in Bolivia: José María Giménez had to use an oxygen bottle during the match. 🫁🇺🇾
El Alto Stadium sits at 4,150 meters above sea level. ⛰️🏟️pic.twitter.com/i06FeOJ0Ax
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) March 26, 2025