На четвртфиналниот натпревар на Ролан Гарос помеѓу Лоренцо Муцети и Франсис Тијафо се случи спорен момент што предизвика голема дебата во тенискиот свет.
Италијанскиот тенисер Муцети, во еден момент од натпреварот, ја шутна топката, која случајно го погоди рамото на линискиот судија. Судискиот тим му даде само опомена, но многумина навивачи и експерти сметаат дека требало да биде дисквалификуван.
Ова предизвика споредби со сличен инцидент од 2020 година на Отвореното првенство на САД, кога Новак Ѓоковиќ го удри линискиот судија со топка и веднаш беше дисквалификуван од турнирот.
Сега навивачите и експертите се поделени: едни мислат дека одлуката за опомена била правилна, додека други тврдат дека Муцети требало да ја плати со исклучување од натпреварот.
¿Musetti merecía descalificación?pic.twitter.com/YTpyT2OCjD
— Tiempo De Tenis (@Tiempodetenis1) June 3, 2025