Ентони Едвардс е врвен кошаркарски мајстор, но на првиот плејоф натпревар против Лос Анџелес Лејкерс покажа дека воопшто нема стил. Иако успеа да направи златен „брејк“ со Минесота и да слави со резултат 117:95, надигрувајќи го директно Лука Дончиќ, овој меч ќе остане запаметен по расправијата што ја имаше со навивач во првиот ред. Имено, Едвардс бил испровоциран од навреди, а неговиот одговор, во најмала рака, бил непримерен.
Прво почнал да се фали дека заработил 200 милиони долари и може да си купи фанови, а потоа ги шокирал сите со своето однесување. Едвардс се фатил за меѓуножјето и ѝ рекол на обожавателката дека има дури и поголем пенис од неа. Колку и да бил испровоциран, спортист кој се натпреварува на најголемата сцена не смее да си дозволи вакво однесување и извесно е дека ќе биде санкциониран.
DAWG ANTHONY EDWARDS DON’T CARE AT ALL LMAOO
To heckling Lakers fans:
“He got 200 million.”
“My d*ck bigger than yours.”
— Hater Report (@HaterReport_) April 21, 2025