Водачот на групата „Сатански грото“ и уште три лица беа уапсени минатиот петок по тепачка во зградата на Капитолот во Канзас, САД.
Инцидентот се случил кога водачот на групата, Мајкл Стјуарт, се обидел да одржи црна миса во ротондата на зградата, што предизвикало тензии.
Околу 30 членови на групата, предводени од Стјуарт, се собрале пред зградата на државниот Капитол за да протестираат против, како што тврдат, фаворизирањето на религијата од страна на државата и да побараат јасна поделба меѓу црквата и државните институции. Гувернерката Лора Кели го забранила протестот тој ден, откако католички групи побарале да се спречи одржувањето на церемонијата.
Протестот привлекол стотици христијани, кои пееле и ги повикувале сатанистите да го прифатат Исус, додека церемонијата содржела и навреди кон христијанските верувања.
Групата тврди дека сакала да одржи црна миса затоа што верувала дека законодавниот дом ќе заседава, но тоа не се случило бидејќи Собранието веќе било на пауза.
Стјуарт најави дека групата може повторно да организира протест следната година.
„Сатански грото“ има членови со различни верувања – од атеисти до оние кои го гледаат сатаната како симбол на независноста.
🚨BREAKING: The leader of the Satanic Grotto gets arrested at Kansas State Capitol for assaulting a Catholic during a “Black Mass” attempt. pic.twitter.com/oo55sxO0SN
— CatholicVote (@CatholicVote) March 28, 2025