🎥 Тинејџерот на Јунајтед од 60 милиони евра се повреди на вториот натпревар за клубот

од Vladimir Zorba
67 прегледи

18-годишниот француски стопер, Лени Јоро пред десет дена потпиша договор со Манчестер Јунајтед. Јоро пристигна во Јунајтед од францускиот прволигаш Лил, и потпиша петгодишен договор. Се шпекулира дека вредноста на трансферот е околу 60 милиони евра со вклучени бонуси. Но, работите тргнаа лошо за младиот Французин во САД.

Таму Јунајтед загуби со 2:1 на подготовките, а Јоро го напушти теренот во 33. минута поради повреда кога Јунајтед водеше со 1:0. Во еден момент застана и побарал помош од докторот и рече дека не може да продолжи. Левата нога му беше повредена, а се уште не е познато колку време ќе отсуствува.

„Мора да чекаме повеќе од 24 часа. Потоа се надеваме дека ќе знаеме повеќе. Бевме многу внимателни, особено со Јоро. Тој одработи само 50 проценти од тренингот и многу е разочарувачки што мораше да излезе поради повреда. Ајде да бидеме позитивни и ќе видиме што ќе биде“, изјави тренерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг.

Јунајтед поведе со голот на Расмус Хојлунд во десеттата минута. Габриел Жесус израмни на 1:1 во 26. минута, а Габриел Мартинели во 81. минута ги постигна конечните 2:1 за Арсенал.

Јоро го одигра својот прв натпревар за Јунајтед пред осум дена во победата од 2-0 над Ренџерс во пријателски натпревар. Јоро одигра 44 натпревари во сите натпреварувања и со Лил го освои четвртото место во францускиот шампионат. Тој постигна и три гола. Досега нема дебитирано за А репрезентацијата на Франција, но настапува за нејзините помлади селекции и има 13 настапи.

Слични содржини