🎥 Трагедија во Нови Сад: Шест загинати во пожар, меѓу нив четири деца на возраст од 2 до 7 години

од Илинка Илиоска
22 прегледи

Во пожар во Нови Сад што избувна утрово во семејна куќа загинаа шест луѓе, меѓу кои четири деца.

„Во пожарот што избувна утринава, околу три часот, во куќата на улицата „Ѓорѓа Дера“, загинаа шест лица, меѓу кои четири деца на возраст од две до седум години“, изјави српскиот министер за внатрешни работи.

Сите жртви се од едно семејство. Децата биле на возраст од седум, пет, четири и две години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Пожарот е изгаснат, а полицијата и јавниот обвинител извршиле увид на местото на трагедијата.

Според првичните информации, пожарот најверојатно го предизвикал скутер што бил приклучен на електричната мрежа.

Слични содржини