🎥 Вулкан се заканува да уништи град во Исланд

од Vladimir Zorba
317 прегледи

Експерти изразија стравување дека вулканска ерупција, која се очекува наскоро, може да го уништи градот Гриндавик во близина на Рејкјавик.

Околу 4.000 луѓе живеат во Гриндавик, кој е во близина на главниот град на Исланд, а градот може да биде тешко оштетен од вулканската ерупција, која се очекува за неколку часа или денови, пишува „Гардијан“.

Гриндавик, на југозападниот брег на Исланд, беше евакуиран во раните утрински часови во саботата, откако движењето на магмата под Земјината кора предизвика стотици земјотреси за кои се верува дека и претходат на ерупцијата.

„Навистина сме загрижени за сите куќи и инфраструктура во областа“, рече Видир Рејнисон, шеф на цивилната заштита и управување со вонредни состојби на Исланд.

Градот Гриндавик, на околу 40 километри југозападно од Рејкјавик, се наоѓа во близина на слатководниот резервоар и геотермалната централа Сварценги, која е главен снабдувач на електрична енергија за 30.000 жители на полуостровот Рејкјанес.

Слични содржини