Американскиот претседател Доналд Трамп за првпат се огласи на социјалните мрежи по терористичкиот напад што се случи вчера во Болдер, Колорадо.
„Вчерашниот ужасен напад во Болдер, Колорадо, нема да биде толериран во Соединетите Американски Држави. Тој беше предизвикан од политиката на отворени граници на Бајден, која ѝ нанесе голема штета на нашата земја. Мора да се вратиме на политиките на ‘Трамп’. Терористичките напади ќе бидат гонети. Ова е уште еден пример зошто мораме да ги чуваме границите безбедни и да ги депортираме нелегалните, антиамерикански радикали од нашата татковина“, напиша Трамп.
Terrorism against Jews does not stop at the Gaza border – it is already burning the streets of America. Today, in Boulder, Colorado, Jewish people marched with a moral and humane demand: to return the hostages. In response, the Jewish protesters were brutally attacked, with an… pic.twitter.com/gdav3zTmD9
— Danny Danon 🇮🇱 דני דנון (@dannydanon) June 1, 2025
Тој додаде дека неговото срце е со жртвите на „оваа ужасна трагедија“ и со, како што ги нарече, „големите луѓе од Болдер“. Според полицијата, најмалку осум лица беа повредени во нападот, кој се случи во неделата попладне по локално време, за време на мирен протестен марш под името „Трчајте за нивните животи“, настан посветен на поддршка за израелските заложници во Појасот Газа.
Напаѓачот, идентификуван како 45-годишниот Мохамед Сабри Солиман, египетски државјанин со истечена американска виза од 2023 година, употребил импровизиран пламенофрлач и повредил осум демонстранти, сите хоспитализирани со изгореници. Едно лице се наоѓа во сериозна здравствена состојба. Полицијата соопшти дека жртвите се на возраст меѓу 52 и 88 години. Според очевидци и видео снимки, Солиман викал „Слобода за Палестина“ додека го извршувал нападот.
Инцидентот веднаш беше осуден и од израелските власти, кои го нарекоа „ужасен антисемитски терористички напад насочен кон Евреите“. ФБИ потврди дека настанот бил мирен и редовно закажан собир што се одржувал еднаш неделно. Истрагата продолжува, а Солиман е во притвор.