За време на рацијата на градот Џенин на окупираниот Западен Брег, израелските сили врзаа ранет Палестинец за хаубата на воен џип, користејќи го како жив штит.
На видеото објавено на интернет во саботата и потврдено од „Ал Џезира“ се гледа Муџахед Азми, Палестинец од Џенин, врзан за воен џип додека минува возило на брза помош.
Семејството на Азми изјави за новинската агенција Ројтерс дека израелските сили извршиле рација за апсење во Џенин, при што тој бил ранет.
Откако семејството повикало брза помош, војската го зеле Азми, го врзале за хаубата на нивниот џип и се оддалечиле.
The Israeli army using an injured Palestinian civilian as a human shield tied to the front of a military jeep in Jabriyat (Jenin, WB) this morning. The same army which is justifying its war of annihilation in Gaza based on the human shielding argument. pic.twitter.com/7pBvp2pjq2
— Nicola Perugini (@PeruginiNic) June 22, 2024
Абдулрауф Мустафа, палестински возач на брза помош, рече дека израелските војници одбиле да им го предадат Азми.
„Џипот помина, а ранетиот беше на хаубата“, изјави Мустафа за Ал Џезира. „Едната рака му беше врзана за шофершајбната, а другата му беше на стомакот. Поминаа покрај нас. Тие одбија да ни го предадат пациентот“.
Во соопштението израелската армија наведува дека пукале кон израелските сили, при што дошло до размена на оган во која осомничениот бил ранет и уапсен.
Војниците потоа го прекршиле воениот протокол, се наведува во соопштението.
„Нашите сили го одведоа осомничениот откако го врзаа за возило“, соопшти израелската војска.
Таа додаде дека „дејствата на нејзините сили што може да се видат на видеото не се во согласност со вредностите на израелската армија“, нагласувајќи дека „ќе го истражи инцидентот“.