🎥13 секунди поради кои Леброн Џејмс е на удар на навивачите

од Vladimir Zorba
30 прегледи

Леброн Џејмс постигна 17 поени, имаше пет скока и 12 асистенции во поразот на ЛА Лејкерс од Булс во Чикаго со 117:119. Статистиката открива и дека од поле шутираше 8/20 од кои 0/5 тројки и имаше четири загубени топки. Неговата игра придонесе за поразот на тимот, истакнаа навивачите на социјалните мрежи во нивната рефлексија за лудата завршница на натпреварот.

По заостанување од 18 поени во последната четвртина од натпреварот (78:96), Булс во последната половина минута влегоа со -1 (110:111). Следуваше чудесен пресврт, со тројки на Патрик Вилијамс и Коби Вајт во последните 12,6 секунди за да се донесе резултатот на 116:115 пред Остин Ривс да положи на три секунди до крајот за ново водство на гостите (117:116). Мечот го реши Џош Гиди со тројка од сопствената половина од теренот при звукот на сирената.

Тие три тројки на Булс во последните 13 секунди од натпреварот ги истакнуваат љубителите на кошарката, обвинувајќи го Џејмс за поразот од Лејкерси. Најдобриот стрелец на НБА на сите времиња (41.995 поени) и за многумина најдобриот играч на сите времиња, правеше грешка по грешка, тврдат тие.

Истакнуваат дека не одиграл добра одбрана на Вилијамс, потоа дека во „лејап“ им ја предал топката на Булс, а потоа останал предалеку од Гиди кога го упатил победничкиот шут.

Слични содржини