Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски на својот Фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 км од автопатот се ставени во функција.
Во видеото, Николоски истакнува дека во функција се ставени 40 километри од автопатската делница, нагласувајќи дека станува збор за значаен чекор во подобрување на патната инфраструктура и безбедноста во сообраќајот.
„40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Бадник и Божиќ, објави вицепремиерот.