ММА борецот Александар Волкановски испиша историја со победата на 314. УФЦ настан против Диего Лопез, со што стана првиот борец на возраст над 35 години кој го освоил шампионскиот појас во перо категорија.
На 314. настан на УФЦ се одржа спектакуларна борба меѓу Александар Волкановски и Диего Лопез. Двајца ММА борци се соочија во борба за шампионскиот појас во перо категорија, кој остана „слободен“ по преминот на Илија Топурија во лесна категорија.
Како главен настан на вечерта, Волкановски и Лопез го зазедоа централното место и целосно ги оправдаа очекувањата. Нивната борба беше спектакуларна и достојна за главниот настан на програмата. Октагонот беше сцена на интензивна пресметка меѓу Волкановски и Лопез, а публиката во Мајами имаше можност да погледне вистинска пресметка на двајца борци полни со желба за докажување.
Be honest, who thought Volk was cooked after this? #UFC314 pic.twitter.com/oHyB1mCcE0
— Uncrowned (@uncrownedcombat) April 13, 2025
По интензивна размена на удари, судиите досудија во корист на Волкановски со 48:47, 49:46 и 49:36. „Ветеранот“ на тој начин го освои шампионскиот појас.
Александар Волкановски испиша историја како прв борец над 35 години кој го освоил шампионскиот појас во перо категорија.