🎥Алонсо казнет за опасно возење во несреќата на Расел

од Vladimir Zorba
235 прегледи

Фернандо Алонсо беше казнет 20 секунди по завршувањето на денешното Гран При на Австралија, откако стјуардите одлучија дека ја предизвикал тешката несреќа на Џорџ Расел во претпоследниот круг од трката во Мелбурн.

Во завршните фази двајцата се бореа за шестото место, а Расел на посвежите гуми го подготвуваше неговиот напад. Сепак, во шестиот свиок од 57-от круг, Британецот излета од патеката и силно удри во заштитните огради и на тој начин испадна од трката.

Потоа, тој и Алонсо беа повикани кај стјуардите, иако немаше вистински контакт меѓу двајцата. Сепак, причината за сослушувањето беше тоа што податоците од телеметријата на Шпанецот покажаа дека тој почнал да сопира за кривината шест многу порано од вообичаено, што го изненади Расел и го натера да ја изгуби контролата над својот автомобил.

Двајцата минаа повеќе од еден час кај стјуардите, а потоа решија дека Алонсо навистина возел опасно на овој дуел. Така го казнија Шпанецот со пит стоп, што во превод значи казна од 20 секунди изречена по финишот.

Како резултат на тоа, возачот на Астон Мартин загуби две места и падна на осмото место, зад неговиот тимски колега Ленс Строл и возачот на Рејсинг Булс, Јуки Цунода.

Двократниот светски шампион доби и три казнени поени за лиценцата, први во последните 12 месеци. Акумулирањето на 12 казнени поени во рок од 12 месеци ќе резултира со забрана за учество на релевантниот возач на една трка.

Слични содржини