🎥Ангелов добил навредливи коментари поради зборувањето на англиски и српски јазик: „До сите сеирџии – не се палете како млади деца“

од Nikola Popovski
1,3K прегледи

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов упати критики кон луѓето што упатиле, како што вели, навредливи коментари за неговата комуникација со лидерот на словенечкиот тим кој дојде да помогне во справувањето со пожарите. Како што може да се објави на објавеното видео по социјалните мрежии, Ангелов му се обраќа на својот словенечки колега на англиски и српски јазик со зборовите: „Хвала још једном, thank you very much“.

„До сите оние сеирџии кои се нафрлија со навредливи коментари: Не се палете како млади … деца. И Господ нека ви дава здравје. И вие сте златни луѓе само сте полни со отров и омраза. Со словенечкиот лидер на тим Роберт, претходно зборувавме повеќе од еден час на српски можеби малку и на хрватски јазик, а делумно и на англиски јазик. Нормално е на крај да му се заблагодарам на јазикот на кој претходно зборувавме повеќе од еден час, и уште понормално благодарноста да ја искажам и на мојот мајчин македонски јазик. За крај, за да ме разберат помладите Словенци кои стоеја околу нас, се заблагодарив и на англиски јазик бидејки повеќето од нив не го говорат ниту разбираат српскиот односно хрватскиот јазик. Да сте живи и здрави сите“, стои во објавата на Ангелов.

Тим пожарникари од Словенија вчера пристигна во земјава и почна да интервенира во гасењето на големиот шумски пожар на планината Готен. Екипажот заедно со 17 возила пристигна на градскиот стадион „Димитар Беровски“, каде што по поставувањето на оремата, почна со интервенција на опожарените места. Раководителот на тимот, Роберт Шкрљ, изјави дека пожарникарите ќе работат во тесна координација со националните и меѓународните служби за да се обезбеди ефикасен и навремен одговор.

Слични содржини