🎥Ангелов го посети 61-годишникот кој беше нападнат од мечка: „Ја грабнав за уши кога сакаше да ме касне за стомакот“

од Nikola Popovski
184 прегледи

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов се сретнал и разговарал со повредениот Цане Србиновски, 61-годишен жител на село Дреновци во Општина Долнени, кој претрпе опасен напад од мечка на планината Мукос, во поширокот атар на селото Оморани на територија на Општина Чашка во неделата.

Тој по два дена беше пронајден од неговите блиски од семејството и од местото каде што ги чувал кравите во инпроцизиран објект именуван „Колиба“ беше пренесен во болница во Велес, од каде што по укажаната медицинска помош и давање соодветни медикаменти, беше пуштен на домашно лекување.

Пред Ангелов, Србиновски детално раскажа како го нападнала мечката, како се чувствувал и какви повреди добил.

-Мечката одеднаш се појави пред мене и ме фати за ногата. Не ја видов колкава беше, но јас паднав веднаш на грб. Јас бев под неа, но не знам како се извлеков и со десната нога ја удрив по муцката и таа ме пушти. Повторно ме фати за левата нога, јас пак ја удрив, таа сакаше да грабне за и за десната нога. Едно време ми даде Господ сила и ја грабнав за уши кога сакаше за стомак да ме касне. Зедов сила и ја турнав настрана и веднаш станав, а кога дојдов до колибата нозете ми се укочија. Немаше никој во неделата, а децата ме најдоа дури во понеделникот, раскажува Цане.

Тој додава дека има повредени глуждови и мали гребаници по нозете.

-Народот вика си имал век, ти посакувам брзо оздравувањње. Последните неколку години е зголемен бројот, наша цел е да не ги убиваме мечките. Ние ги сакаме мечките, но повеќе се грижиме за луѓето, изјавил Ангелов при посетата.

Слични содржини