🎥Аргентинска работа: Рикелме влета на трибините и спречи тепачка на навивачи

од Vladimir Zorba
9 прегледи

Претседателот на Бока Јуниорс, Хуан Роман Рикелме, влета меѓу навивачите на својот клуб за да ги смири во екот на нередите на мечот со Гимназија де Ла Плата.

Станува збор за четвртфиналето од Купот на Аргентина одиграно во Росарио, кое на крајот заврши со победа на Бока по подоброто изведување пенали (1:1 во регуларниот дел од натпреварот) – за кое голманот на гостите Леандро Бреј е најзаслужен, со дури четири одбранети удари од „белата точка“.

Но, повеќе од самиот резултат и поминувањето на Бока во полуфиналето, се зборува за нереди на трибините.

Второто полувреме беше одложено поради нереди во режија на навивачите на двата клуба, па беше ангажирана полицијата да интервенира, дури употреби и солзавец за да не ги смират „жешките глави“.

Во еден момент се чинеше дека масата навивачи на Бока ќе се упати кон трибината на која беа поддржувачите на Гимназија, ситуацијата изгледаше многу напната, но токму тогаш на сцена стапи Рикелме – со својот авторитет, но и со својата физичка сила. Тој беше еден од највоинствените „навивачи“ што одговори на идејата да ги нападне противниците.

Во моментот на најголема тензија на трибината, полицијата употреби солзавец за да спречи ескалација на немирите, а тоа беше во моментот кога Рикелме со дипломатски методи се обидуваше да ја контролира толпата.

Поранешниот репрезентативец на Аргентина го почуствува добро солзавецот, но на крајот тоа вредеше – навивачите го послушаа и ги смирија страстите, за на крајот сите заедно да се радуваат.

Слични содржини