🎥Арсовска „фати“ дивоградба и во Ѓорче Петров на која ѝ се поткопани темелите

од Nikola Popovski
484 прегледи

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска синоќа уште еднаш предупреди дека Општина Ѓорче Петров донесе незаконски ДУП за изградба на 157.000м2 на три хемиски фабрики и 31 висококатница каде е предвидено да живеат повеќе од 7.000 нови луѓе.

Како што посочи Арсовска во ново видео, ДУП-от кој е донесен во незаконска процедура, предвидува изградба на хемиски фабрики врз втората зона од заштитеното бунарско подрачје на бунарите Нерези Лепенец од каде вода пијат сите граѓани на градот Скопје.

-Катастрофата да биде поголема, на оваа локација функционира и дивоградба на која и се поткопани темелите, објект во кој работат 50-тина луѓе, а видно и од снимката сите се под опасност поради пропаѓање на објектот. Градот Скопје изврши надзор во рамки на своите овластувања за да утврди дали е тој објект легален, но апелираме и до општина Ѓорче Петров да испратат свој градежен инспектор за да се спречи катастрофа, порача градоначалничката.

Александар Стојкоски, градоначалник на општина Ѓорче Петров, ги демантираше ставовите на градоначалничката за наводна изградба на хемиска фабрика и смета дека ова се обиди на Арсовска да создаде хаос меѓу граѓаните.

„Тоа што се повикува на изградба на некакви си хемиски фабрики, со тоа што сака да создаде чувство на несигурност во јавноста, сака да создаде чувство на паника помеѓу луѓето. Најодговорно тврдам пред целата македонска јавност дека на тој потег, ниту пак на било кој друг дел на територијата на општина Ѓорче Петров не постои локација на која што е предвидено или ќе се градат било каков тип на објекти од тешка индустрија“, кажа Стојкоски.

Стојкоски објасни дека според Законот за урбанистичко и просторно планирање таква класификација на хемиска фабрика не постои, а тоа треба да го знае Арсовска како градоначалник на главниот град во земјава.

Стојкоски напомена дека станува збор за веќе постоечки објект кој е на територија на општина Ѓорче Петров повеќе од 60-70 години, а и ги исполнува најстрогите еколошки нормативи и дополни: ,,Она што знам дека го направи за Ѓорче Петров во последните години, направи ненадоместлива штета која штета која што ние како општина во дел ја компензираме во делот на нефункционирањето на комунална хигиена, паркови и зеленило, водовод, и канализација на територијата на нашата општина“.

Слични содржини