Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска денеска со својот тим на соработници излезе на терен во општина Чаир и обвини дека се гради дивоградба. Според нејзините зборови, никаде нема овластени лица од општината која ја предводи градоначалникот Висар Ганиу.
Таа целиот настан го објавуваше во живо на својот официјален профил на Фејсбук.
-Во општина Чаир, спротивно на закон си почнале нова дивоградба. За жал до моментов не реагира МВР. Го повикуваме министерот Панче Тошковски да реагира, но и Стојанче Ангелов да ги види овие необезбедениве дупки. Да излезе на лице место и да каже дали има „сејфти фрст“.
Направен е сериозен ископ и отпочната градба. Општина Чаир ја нема никаде, нормално „принцезата на дивоградбите“ го нема никаде и тој не знае што се случува во општината. Без никаква дозвола, нема платено комуналии, нема одобрение за градење, нема проект, нема ниту документ кој што ќе гарантира сигурност, вели меѓу другото Арсовска во видеото.
Градоначалничката во текот на видеото можеше да види како се расправа со работниците кои работеа на дивоградбата. По одреден период и полицијата пристигна на местото каде што се гради објектот.
Како што рече Арсовска во видеото, дивоградбата нема потпорен ѕид, се наоѓа во близина на основно училиште и на само неколку метри до Центар за едукација и работа со дечиња.