🎥Арсовска повторно снимаше во живо и ловеше дивоградби: Ганиу ни праќа ботови, еве како е во Чаир

од Nikola Popovski
356 прегледи

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска повторно снимаше во живо, овој пат во инспекција на друг нелегален објект на територија на општина Чаир, само 50 метри разлика од претходниот објект од каде што се огласи на социјалните мрежи. Арсовска во видеото рече дека на државно земјиште се гради дивоградба со дозвола од градоначалникот Висар Ганиу. Вели дека од општината не дошол никој.

-Најверојатно му е страв или незгодно. Ни испрати ботови да урлаат и да се закануваат. Испрати луѓе да ни кажуваат дека нема добро да си поминеме, ама Висар Ганиу, како што гледаш, баш и не ти се плашиме. Тука се инспекциските служби и Инспекторатот на Град Скопје, кажа Арсовска во обраќање до градоначалникот.

Како што покажува на видеото, објектот се гради на еден метар до станбена зграда, односно пред прозорците на станарите. Градоначалничката рече случаите се пријавени од граѓаните.

-Вас кога дома ќе реновирате, одма ќе ви дојдат инспектори. Тука никој не ви доаѓа. Гледате како е во Чаир – си градиш на земјиште на Македонија, тука сигурно има едно 3000м2 квадратни површина. Ганиу, не се криј дечко, дојди тука, кажи како го дозволуваш ова. Трошни куќи со по 20-30 години ги одбиваш за легализација, а овие тука што денес почнале да градат, им дозволуваш да се дигнат. Ова е веќе втора плоча со сериозни арматури…, кажа Арсовска меѓу другото за објектот.

Поради заканите, градоначалничката рече ќе снима во живо од секоја дивоградба. Му порача на градоначалникот на Чаир дека „сите ботови му се малку“.

Слични содржини