🎥„Автомобилите не се паркирани еден врз друг туку удрени во 6 часот наутро“: Детали за невообичената случка во Капиштец

од Nikola Popovski
141 прегледи

Откако утрово беше регистрирана несекојдневна случка во скопски Капиштец и дел од медиумите објавија дека еден автомобил бил паркиран врз друг автомобил, стигна реакција од сопственичката на едно од возилата. Докторката Маја Киријас откри дека всушност трет автомобил удрил во вториот и го предизвикал немилиот настан.

Киријас побара од порталите да не шират лажни вести.

Возачот на третиот автомобил избегал од местото на настанот. Предизвикана е значителна материјална штета.

„Возилото е мое! (поточно на лизинг уште) Паркирано уредно позади паркирано друго возило! Во 6 часот од гостилница “„Дукат“ слушаат јак удар од трето возило кое ги удира возилото позади мене и моето нисан возило! Уредно паркиран пред зграда каде живеам. Снимката, за жал покажува се. Одредени портали на несреќата на граѓаните им прават шоу. Се срамам каде живеам. За порталите би дала сугестија – не пренесувајте лажни вести како би ни оставиле простор на тронка верба во она што го читаме“, стои во апелот на докторката.

Слични содржини