🎥Бејби Лазања и Käärijä ја спасија Евровизија со заедничкиот настап

од Vladimir Zorba
845 прегледи

Претставникот на Финска на Евровизија 2023, Käärijä, и минатогодишниот претставник на Хрватска, Бејби Лазања, настапија заедно во ревијалната програма на финалната вечер.

Во нивниот заеднички настап, тие отпеаја комбинација од песните „Ча Ча Ча“ и „Рим Тим Таги Дим“, кои претходно ги изведоа на Евровизија. Потоа следеше изведбата на дуетот наречен „#eurodab“ кој го објавија вчера.

Бејби Лазања носеше волуменозен син костим, додека Käärijä носеше флуоресцентен зелен костим, исто како оној што го носеше на својот настап во 2023 година.

Со својот енергичен настап, тие ја воодушевија публиката, која пееше заедно со нив. Патем, нивниот настап на Евровизискиот натпревар беше еден од најочекуваните делови од финалната вечер, откако беа меѓу најголемите фаворити на публиката.

На социјалните мрежи многумина коментираат дека токму нивниот речиси пет минутен настап ја спасила Евровизија, со оглед на слабиот квалитет на овогодинешните песни.

Слични содржини