🎥Белингем се соочува со суспензија од три натпревари поради шутирање на ВАР екран

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Фрустрираниот Џуд Белингем го исфрли целиот свој гнев на ВАР екранот по шокантниот пораз од Валенсија со 2:1

Имено, не се зборува ниту за промашениот пенал на Винисиус, ниту за победничкиот гол на Валенсија во судиското надополнување. Играчот на Реал, Џуд Белингем е во преден план по натпреварот, а не поради добра причина.

Имено, по натпреварот англискиот репрезентативец помина покрај ВАР опремата и во налет на фрустрација бесно ја шутна технологијата.

Ова го наметнува прашањето дали Белингем ќе отсуствува неколку натпревари за да се олади. Според правилата на Ла Лига, за неспортско однесување, кое вклучува намерно оштетување на имотот на лигата, фудбалерот може да добие суспензија од еден до три натпревари.

Во отсуство на Белингем, Реал би се соочил со голем проблем во завршниот дел од сезоната и во време кога борбата за шампионот на Шпанија е крајно неизвесна.

Кралскиот клуб моментално се наоѓа на втората позиција во шпанското првенство со четири бода помалку од Барселона и три повеќе од Атлетико Мадрид.

Слични содржини