Американската пејачка Бијонсе учествуваше на митингот на американскиот потпретседател и кандидат за претседател на Демократската партија Камала Харис во Хјустон, Тексас, кој се фокусираше на правото на абортус.
„Не сум тука како славна личност. Не сум тука како политичар. Тука сум како мајка“, рече Бијонсе, пренесе телевизијата ABC.
Бијонсе на митингот одржан во петокот ја претстави Харис како следен претседател на САД.
На митингот во Хјустон присуствуваше фолк пејачот Вили Нелсон, како и мајката на Бијонсе, Тина Ноулс, која во минатото водеше кампања за Харис.
https://www.google.com/search?sca_esv=072e558b8944e34b&rlz=1C1ONGR_enMK1077MK1077&sxsrf=ADLYWILX-SjMOqw6926Hn5bWT3vU6JUjXA:1729929289092&q=beyonce+harris+video&tbm=vid&source=lnms&fbs=AEQNm0Aa4sjWe7Rqy32pFwRj0UkWfbQph1uib-VfD_izZO2Y5pt2wBeNNRFhtfGNWgf58yyBj5YIPFc1HZMFmO_lDX9dLZJgKjT6CG5wP2-7RZF0bJKQ3hjUflhcltnkCxDkEgJJwG1nIHBQG85X1zdoq5d28WJbi2i2TW9B7mfzeDGwSHUGbO2zjX7X1Xcjyz8GQxZmF9QL&sa=X&ved=2ahUKEwjM5YzmyKuJAxW5cvEDHXcNOWQQ0pQJegQIDhAB&biw=1536&bih=703&dpr=1.25#fpstate=ive&vld=cid:edaea483,vid:hblf_MRMLSI,st:0
Камала Харис се залагаше за правото на абортус на митингот, повторно обвинувајќи го поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп дека се залага за целосно ограничување на репродуктивната слобода.
Тимот на кампањата на Камала Харис рече дека Тексас е избран да биде домаќин на митингот за правата на абортусот бидејќи државата го забранува абортусот во речиси сите околности.
Харис денеска ќе одржи митинг во Мичиген на кој, како што е најавено, ќе се појави поранешната прва дама на САД, Мишел Обама.