🎥Бред Пит на Формула 1 патеката во Мексико – продолжува снимањето на новиот филм кој е меѓу 10-те најскапи во историјата

од Vladimir Zorba
32 прегледи

Бред Пит ги изненади сите присутни на Формула 1 патеката во Мексико, каде што ги снимаше сцените за неговиот најнов филм Ф1, кој треба да пристигне во кината во летото 2025 година. Тој се појави на тркачката патека за време на квалификациите за Големата награда на Формула 1, а моментот кога ја симна кацигата, а потоа и заштитната капа предизвика голема возбуда кај сите присутни.

После тоа, актерот замавна и ги поздрави воодушевените гледачи. Во еден момент тој истрча по патеката носејќи мексиканско знаме во рацете.

Филмот Ф1 е за возачот Сони Хејс, кој морал да се пензионира по тешка несреќа. Децении откако се пензионира, тој излегува од пензија и се натпреварува против најсилните во тимот со млад возач. Сè уште нема трејлер за претстојниот филм, но на Британското Гран При беше премиерно прикажан тизер.

Филмските права ги купи Apple. Филмот ќе го режира Џозеф Косински, режисерот на Top Gun: Maverick, а главни продуценти ќе бидат Џери Брукхајмер и седумкратниот Ф1 шампион Луис Хамилтон.

Последните информации велат дека буџетот надминал 300 милиони долари, со што овој филм за Формула 1 е меѓу десетте најскапи филмови во историјата.

Слични содржини